Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Во сообраќајката кај Арбиново загина едно, повредени се две лица

Охрид, 23. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри март 2021 година, во 18:05 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај клучката за влез кон Славеј Планина, на потегот помеѓу селата Песочан и Арбиново, општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода во која загина едно лице.

– Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Фолксваген бора“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од страна на 52-годишниот С.И. од Кичево и товарно возило „Цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.М. од скопското село Долни Сарај. На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Фолксваген бора“, 40-годишниот Д.К. од Кичево и возачот Б.М., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. На местото на незгодата увид извршија полициски екипи, судски вештак и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз починатиот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука