Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзат со редовна бродска линија
Струга, 24. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзат со редовна бродска линија низ Охридското Езеро во рамки на програмата за прекугранична сработка на Република Македонија и Република Албанија 2014-2020 година, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2.
Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко потенцира дека овој проект ќе даде стратешки придонес за развој на туризмот и зачувување на културното наследство во прекуграничните региони на сливот на Охридското Езеро, Струга и Охрид во Македонија и Поградец во Албанија.
– Овој проект има за цел да ги поврзе граѓаните од двете земји преку Охридското езеро овозможуваќи соодветна инфраструкура во насока на поврзување Струга, Охрид и Подградец каде граѓаните од двете земји и туристите, преку редовни бродски линии на два гранични премини ќе имаат можност да посетуваат неколку туристички дестинации кои се темели на културното наследство во овие две прекуграничните области. Езерскиот транспорт, но и туризмот мора да имаат зелена перспектива и да се ориентираат кон алтернативните извори на енергија, оттука сметавме дека набавката на два брода кои работат на соларна енергија ќе даде директен придонес за подигање на јавната свест за зачувување на животната средина и промоција на туристичката понуда во овие области, велат од општина Струга.
Проектот ќе биде подржан од страна на Европката комисија во износ од 2 милиони евра. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |