COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

1.422 нови случаи на COVID-19, 33 новозаболени, 1 починато и 1 оздравено лице од Охрид

Скопје, 26. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, при што се регистрирани 1.422 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 618
-Куманово 94
-Прилеп 89
-Велес 76
-Тетово 63
-Гостивар 54
-Кавадарци 53
-Битола 50
-Штип 39
-Гевгелија 38
-Охрид 33
-Струмица 27
-Неготино 26
-Кочани 22
-Кичево 17
-Струга 13
-Ресен 12
-Пробиштип 10
-Дебар, Берово и Свети Николе по 9
-Крива Паланка и Радовиш по 8
-Валандово 7
-Богданци и Демир Капија по 6
-Македонски Брод и Пехчево по 5
-Виница и Делчево по 4
-Крушево 3
-Демир Хисар и Кратово по 2
-Дојран 1

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 пациенти од Скопје (83, 82, 81, 75, 74, 72, 70, 70, 69, 62, 43 и 38 години), по 3 пациенти од Тетово (69, 60 и 41 години) и Кавадарци (78, 77 и 71 години), по 2 пациенти од Битола (83 и 65 години), Прилеп (73 и 68 години) и Ресен (75 и 66 години) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62 години), Гостивар (57 години), Охрид (64 години), Струмица (72 години), Струга (76 години), Крива Паланка (85 години), Валандово (79 години), Крушево (53 години) и Кратово (76 години).

Регистрирани се 457 оздравени пациенти од:

-Скопје 128
-Прилеп 50
-Кавадарци 33
-Неготино 28
-Гостивар 26
-Куманово, Тетово и Велес по 25
-Струмица 17
-Гевгелија 16
-Штип 15
-Битола и Кочани по 11
-Берово 10
-Валандово 6
-Радовиш 5
-Кичево и Крушево по 4
-Крива Паланка, Делчево и Демир Капија по 3
-Пробиштип и Виница по 2
-Охрид, Ресен, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука