Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Свечено отворен продажниот салон на Comodita Home во Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 27. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Најголемиот регионален малопродажен ланец за производи за домот Comodita Home денеска во Охрид го отвори најновиот продажен салон во Република Македонија.

Точно напладне Comodita Home ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продажниот салон е лоциран на Булевар „Туристичка“ бр. 79, наспроти Охридска банка.

– Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 2.999 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, чаршафи, прекривачи за кревет, бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст. За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, посебно за оние кои сакаат да набават нова перница, Comodita Home ја креираше најдобрата понуда на пазарот. За само 495 денари ќе може да набавите 5 класични перници Gold Memory. Дојдете и откријте ги сите изненадувања, понуди и попусти на големото отворање на продавницата на Comodita Home во Охрид, информираат од Comodita Home. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука