Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за битолчанец кој бил затекнат без дозвола за движење во Охрид за време на полициски час

Охрид, 27. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот М.Т. од Битола.

– Тој, на 22-ри март 2021 година во 23:15 часот, е затекнат на булеварот „Туристичка“ во Охрид без да поседува дозвола за движење за време од полициски час. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката за забрана на движење на населението во времето од 22:00 до 05:00 часот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука