Економија Избор Охрид

Охрид ќе се промовира во Обединетите Арапски Емирати

Охрид, 13. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ќе се промовира во престижното спсисание „Араб Инвеститор“ во Абу Даби.

Генералниот директор на ова списание Назим Мухамед Махмуд Сабах деновиве е во неколкудневна посета на Македонија а се очекува да престојува во Охрид каде ќе биде запознаен со убавините на градот и со туристичките потенцијали.

Посетата е организирана од страна на амбасадорот на Република Македонија во Абу Даби Сашо Ташевски.

Престижното списание „Араб Инвестор“ објави ексклузивно интервју со амбасадорот Ташевски, за промоција на Македонија како нова бизнис дестинација за инвеститорите и нов неоткриен бисер во Европа за туристите од Обединети Арапски Емирати и регионот. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука