COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти

Скопје/Охрид, 29. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 68 болни, а во Куманово 143 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 112 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 23, Кавадарци 69, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1537 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука