COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Откажан состанокот на Комисијата за заразни болести

Скопје, 30. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Иако беше најавен за денес, откажан е состанокот на Комисијата за заразни болести на кој требаше да се разгледува состојбата со коронавирусот и да се одлучи дали ќе се воведуваат нови рестриктивни мерки.

Седницата е презакажана за утре. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати.

Во последниов бран на вирусот ситуацијата станува загрижувачка. Болничките капацитети се полнат, а се поголем број на помлади лица бараат лекарска нега и хоспитализација поради компликации од COVID-19.

Вчера релативно ниски бројки на новозаболени, беа регистрирани 303  случаи, а во Охрид имаше 1 новозаболено и едно оздравено лице. Во моментов во градов има 732 активни случаи. Охрид е меѓу градовите каде по Скопје има најмногу хоспитализации. Во општата болница се лекуваат 100 пациенти,поголемиот дел на кислородна поддршка, а има и тешки случаи.

Според најавите, имунизацијата со 24.000 дози од вакцината „АстраЗенека“ што преку Ковакс механизмот стасаа викендот, треба да стартува утре со пријавените граѓани над 75 години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука