Mултикултурен „Отворен ден по граѓанско образование“ во ОУ „Братство Единство“
Охрид, 30. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во ОУ „Братство Единство“ по вторпат се одржа мултикултурен „Отворен ден по граѓанско образование“, проект кој веќе втора година е поддржан од Бирото за развој на образованието.
Оваа година заради новонастанатата ситуација, работилницата беше изведена онлајн на тема „Сајбер насилство“.
Учениците, поттикнати од своите наставници по граѓанско образование ги презентираа своите сработени активности порзани со сајбер насилството и неговите облици, кое денес е сѐ повеќе застапено меѓу младите, информираат од училиштето.
На оваа работилница, која беше поразлична од вообичаено, учениците гласно ги упатија своите пораки поврзани со оваа тема:
– Користењето интернет е уметност, но немој да навредуваш, омаловажуваш, дискриминираш!
– Еден навредлив збор, реченица, слика може да предизвика длабока рана за некого!
– Внимавај како го користиш интернетот, секој има право на насмевка!
– Биди уметник, а не сајбер насилник, шири радост, а не страв! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |