Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно куче скитник касна лице од Охрид, четврт случај во текот на месец март

Охрид, 31. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти март 2021 година, 23-годишната E.С. од Охрид пријавила во Полициската станица во Охрид дека била касната од куче скитник.

– Инцидентот се случил на улицата  „Партизанска“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Одговорните и понатаму без одговор за проблемот со кучињата скитници во Охрид (Фото)

Ова е само продолжување на ваквите немили настани, за кои се’ повеќе се зборува во охридската јавност.

Во битката за храна, изгладнетите бездомни животни најчесто се движат во група. Оваа глетка на некој начин како да ни стана нормална. Кучиња се забележуваат и на Градскиот плоштад, низ охридската чаршија и скоро низ сите улици. Охриѓани сосема оправдано се загрижени за својата, а особено за безбедноста на своите деца. Спасот го гледаат во изградба на стационар за згрижување на кучињата.

Оваа ситуација не е од вчера и се провлекува години наназад. Супер радио и OhridPress во повеќе наврати ја актуелизираат оваа тема, но за жал, не се преземени скоро никакви мерки. Официјалните податоци се немилосрдни и велат дека, покрај денешниот, само во текот на месец март имавме три пријавени случаи на лица каснати од кучиња скитници. Од нив две малолетни лица и една 26-годишна жена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука