COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Филипче: Состојбата со COVID-19 во болниците е сериозна

Скопје, 31. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Здравствениот систем секојдневно се менаџира, но состојбата со болниците е многу сериозна, објави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по утринската координација со директорите на ковид центрите.

Тој порачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID-19.

– Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите… Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна, напиша Филипче на неговиот официјален Facebook профил.

Филипче додава дека е од огромна важност граѓаните да ги почитуваат мерките и така „да помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата“.

Денеска во Македонија почна вакцинација на граѓани над 77 години, а од понеделник е планирана имунизација на војската, полицијата, новинари, возачи во ЈСП… Вакцинацијата се врши со вакцини од АстраЗенека, но како што објави Филипче, по извештаите од Германија и Канада, граѓани под 60 години нема да се вакцинираат со АстраЗенека. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: slobodnaevropa.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука