Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Туризам

Грција на 14-ти мај ги отвора границите и за македонските граѓани

Скопје, 31. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Грција ги отвора границите на 14-ти мај и за македонските граѓани, изјави денес Министерот за здравство Венко Филипче.

– Ние имаме многу честа комуникација и со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарав и со грчкиот министер за туризам Теохарис, и тој ме извести дека двата гранични премини „Дојран“ и „Евзони“ ќе ги отворат на 14-ти мај и за македонските граѓани, објави Филипче.

Притоа, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакинација или негативенн ПЦР тест.

– Тоа што јас земав обврска утрово да испратам е како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени лаборатории кои што може да издваат и ПЦР тестови, рече Филипче, додаваќи дека се надева дека нема нешто лошо драстично да се случи што ќе ја влоши епидемиолошката состојба во двете земји. (Крај)

извор: nezavisen.mk фото: lider.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука