Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за битолчанец кој на Facebook поттикнувал омраза и етничка нетрпеливост

Охрид, 31. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски ситем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот Р.М. од Битола.

– Тој, на 21-ви февруари 2021 година, по објавен текст на охридски електронски весник, од својот Facebook профил, напишал коментар со кој поттикнувал омраза и етничка нетрпеливост, расна дискриминација, омаловажување, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука