ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во охридските средни училишта ќе може да се запишат 942 полуматуранти

Охрид, 31. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Согласно објавениот конкурс за упис во средните училишта во учебната 2021/2022 година, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 942 полуматуранти.

Споредено со другите години, освен за гимназија, во останатите училишта има намалување во бројката на ученици кои ќе бидат примени.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 272 места за идните средношколци. Во економското училиште „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 136 ученици од кои 102 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 280 слободни места, во 9 паралелки, според наставните планови и програми за машинска, електротехничка, сообраќајна струка и лични услуги.

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 254 ученици во 8 паралелки и тоа во угостителско- туристичка и хемиско-технолошка струка.

Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ Охрид ќе се примат 125 ученици

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14-ти јуни  во период од 12:00 до 19:00 часот, на 15 и 16-ти јуни во период од 07:00 до 19:00 часот и на 17-ти јуни  во периодод 07:00 до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23-ти и 24-ти јуни во период од 07:00 до 19:00 часот и на 25-ти јуни од 07:00 до 15:00 часот. Третото пријавување и запишување ќе се врши на 30-ти во период од 07:00 до 19:00 часот

Министерството за образование и наука апелира до деветтоодделенците, изборот на образование да го направат по сопствено убедување, согласно личните афинитети, предиспозиции и интерес кон одредена област, но, секогаш предвид да ја имаат и информацијата за тоа колку одреден тип на образование нуди можности за вработување и безбедна и перспективна иднина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука