Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Битолчанец затекнат во Охрид за време на полициски час без дозвола за движење

Охрид, 31. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот М.Т. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– На 22-ти март 2021 година, во 23:15 часот во Охрид, пријавениот М.Т. бил затекнат од полициски службеници без дозвола за движење, со што постапил спротивно на одлуката на Владата за забрана на движење на населението во период од 22:00 до 05:00 часот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука