Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 16. степени

Охрид, 1. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес ќе биде сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 16. степени.

– Од утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука