Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градежни работи на улицата „15-ти корпус“, сообраќајот ќе се одвива отежнато

Охрид, 1. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање, на улицата „15-ти корпус“, на потегот пред градските гробишта, денеска сообраќајот ќе се одвива отежнато, а можни се и повремени застои.

– Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука