ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро на 23 сантиметри под просекот за април

Охрид, 1. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро далеку под просекот за месец април.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) Охридското езеро е на кота од 693,36 м.н.в, што е за 23 сантиметри под месечниот просек (693,59 м.н.в) и 26 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Може да биде слика на текст кој вели „министерство заземлоделство, шумарство управа хидрометеоролошки работи- (споредба табела дневна хидролошка информацила реките природните езера претходниот ден очекувана тенденција наредниот ден) 01.04.2021 cm водостои прикажани 1.03.21 64 легуновце- вардар жм вардар велес 01.04.21 66 02.04.21 вардар l април просек 122 158 115 бана 24 54 нд брегалница 25 = струмица 100 нд 130 радика 164 78 80 148 MHM измерени 144.93 3.преспа :30 часот 147.14 842.59 MHM 842.60 3: 144.31 844.13 вода 8.2 ездора наколец- з.преспа охрид ез.охрид часот 5.5 9.0 измерени 8.4 5.5 9.0 = езеро нд нд 10.4 има надминато изработил: минимум. одобрил: директор, костадин ацевски нивна“

Температурата на езерската вода измерена утрово е 9 степени, односно за 1,4 степени пониска од априлскиот просек.

Во текот на месец март, езерското ниво бележеше константно опаѓање, на почетокот беше на кота од 693,43 м.н.в, за сега да е намалено за седум сантиметри.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 16. степени.

– Од утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука