Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид спроведе сообраќајни контроли, санкции за возачи поради неправилно паркирање и неисправни автобуси

Охрид, 1. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви март 2021 година, на подрачјето на СВР Охрид биле извршени сообраќајни контроли, при што полициските службеници во Охрид санкционирале 8 возачи поради неправилно паркирање на моторно возило.

– На вонреден течнички преглед упатиле 8 автобуси, при што кај 1 автобус бил констатиран неисправен уред за запирање. Во Струга, се контролирани 28 автобуси и санкционирани 9 возачи поради неправилно паркирани моторни возила. Полициските службеници во Кичево евидентирале 1 возач кој бесправно управувал моторно возило, а во Дебар санкционирани се 1 возач кој управувал технички неисправно моторно возило и 1 возач кој поседувал сообраќајни документи со измината важност, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука