Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Најмладите охриѓанчиња го одбележаа Денот на шегата

Охрид, 1. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите охриѓанчиња и годинава и покрај пандемиските услови во кои живееме, го одбележаа 1-ви април, Денот на шегата.

1-ви април донесе радост во нашата градинка. Шегите, играта, смеата и секако омилените маски на децата поттикнаа позитивна енергија и надеж дека идната година Денот на шегата ќе го прославиме сите заедно на Градскиот плоштад, велат од детската градинка „Јасна Ристеска“.

Може да биде слика на дете, стоење и парк

Може да биде слика на дете, стоење и внатре

Може да биде слика на 1 лице, дете, стоење и надвор

Значењето на 1-ви април глобално, општо прифатено е дека се одбележува како Меѓународен ден на шегата. Се смета дека денес е дозволено да се пошегувате со луѓето, но шегите не смеат да преминат во навреди.
Потеклото на овој ден сè уште се наоѓа под знак прашалник и е тема на дискусија.

Според некои записи, станува збор за прослава на промената на сезоната, односно на испраќањето на зимата и пречекувањето на пролетта, додека според други, се појавил со новиот календар.

Римјаните бидејќи ја славеле новата година на или околу 1-ви април, овој ден почнале да го одбележуваат со посебна облека, која полека почнала да преминува во маски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ДГ „Јасна Ристеска“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука