ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

„Украсено“ спомен обележјето на Григор Прличев во Охрид (Фото)

Охрид, 3. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Откако ја изгуби „битката“ со незаменливите подземни контејнери, „најдобрите“ меѓу нас го „украсија“ спомен обележјето на Григор Прличев кое се наоѓа во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура, која исто така го носи неговото име.

Спомен бистата е нагрдена со разни броеви и симболи, како уште еден доказ (ако воопшто и беше потребен уште еден) на колективната немоќ и пораз пред заштитата и односот кон најголемите вредности и препознатливости на овој град.

No description available.

No description available.

Се надеваме дека одговорните ќе го исчистат обележјето во најкус рок, а за оние кои не знаат, или подзаборавиле за делото на овој чичко, повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука