Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 11 литри дожд на м2

Охрид, 4. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 11 литри дожд на м2.

– Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Пожаране 21 литар на метар квадратен, во Тетово 15, Дебар 13, Охрид 11, Крушево 9, Скопје 6, а најмалку во Штип еден литар, соопштија од УХМР.

Најстудено утрово со минус еден степен е во Крушево, во Скопје се измерени три степени, а најтопло е во Гевгелија и Дојран со осум степени. Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места на северозапад врнежите преминаа во снег. Дуваше слаб до умерен, вдолж Повардарието на места засилен северен ветер. Утрово во најголем дел од земјава е облачно со дожд, освен на крајниот југоисток, каде е умерено облачно.

– Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали и ќе биде во интервал само од 5 до 13 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 6 степени. (Крај)

извор: УХМР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука