Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Александар Петрески ја објави првата авторска песна „Blue lights“ (Видео)

Охрид, 4. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Александар Петрески е музичар со потекло од Охрид кој живее и работи во Германија.

Деновиве тој ја објави својата прва авторска песна наречена „Blue lights“.

– За прв пат во мојата 21+ годишна музичка кариера, се претставувам со авторска песна каде што вокал сум јас. Три месеци максимална емотивна вложеност, откако со гитара паднав в кревет и замислено го свирев интрово гледајќи в таван, замислувајќи како некој пати во моменталнава ситуација, вели Александар.

Музиката, аранжманот, миксот, мастерингот, видео монтажата и едитирањето се комплетно дело на Александар, додека текстот го напиша Aspasija TP. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука