Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

360 степени: Од утре се затвораат на 14 дена угостителските објекти, полициски час од 20:00 часот?

Скопје, 5. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Се очекува Владата на Република Македонија денеска да донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот откако претпладното таква препорака произлегла од заседанието на Главниот координативен штаб, дознава 360 степени.

Според нивните сознанија, од утре па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два час порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22:00 часот, тој ќе почнува од 20:00 часот и ќе трае до 05:00 часот изутрина.

Во текот на денов се очекува Владата да одржи седница и да ги формализира одлуките. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука