COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Д-р Мариноска: Досега во Охрид се вакцинирани 180 граѓани против COVID-19

Охрид, 5. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на имунизацијата против COVID-19, во Охрид се вакцинирани 180 граѓани над 77 години и хронично болни.

Се користи вакцината на „АстраЗенека“ вакцинирањето се одвива по тремини дадени на 10 минути и засега сé е во ред, вели за Супер радио и OhridPress д-р Соња Мариноска раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци.

– Од 31-ви март кога почна вакцинацијата до денес се вакцинирани 180 пациенти. Од предвивените термини има и одложени, ги одлага доктор, тој одлучува за потребата и кои пациенти ќе бидат одложени за 2-3 дена, една недела или за подолго време. Пациените после прегледот остануваат на набљудување 15-на минути. Горе долу бројката за вакцинирање во еден ден е задржана, вели д-р Мариноска.

Подвлече дека засега од страна на пациентите не се пријавени несакани ефекти како последица на вакцинирањето.

ЈЗУ Здравствен дом Охрид доби 800 вакцини од производителот „Астра Зенека“. Закажувањето оди преку преку матичен доктор во системот Мој термин, а добиени се 70 термини во денот, од понеделник до петок од 08:00 до 20:00 часот.
Вакциналниот пункт се наога во просториите на Службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука