ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува да опаѓа нивото на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,35 м.н.в

Охрид, 5. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува да опаѓа нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) Охридското езеро е на кота од 693,35 м.н.в, што е за 24 сантиметри под месечниот просек (693,59 м.н.в) и 25 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Може да биде слика на текст кој вели „министерство заземодество, водостопанство управа хидрометеоролошки работи (споредба дневна хидролошка информацила езера очекувана енденциа наредниот табела станица река легуновце 04/05/2021 прикажани 04.04.21 измерени 07:30 часот 05.04.21 102 74 99 вардар вардар вардар 06.04.21 просек април 144 122 115 140 скопле лепенец пелинце пчина 188 88 153 33 84 152 33 73 119 43 струмица река 102 95 90 ложани 94 87 120 164 б.мост -радика 108 = 38 103 ез.доран 144.93 148 147.14 часот 147.14 842.61 842.61 табела 693.35 144.31 = температури 693.35 вода 844.13 = 07:30 часот 6.0 693.59 6.0 9.0 14 има изработил проверил: директор, костадин ацевски обработка“

Може да биде слика на текст кој вели „землоделство, шумарство водостопанство станица- легуновце- информацила за реките природните езера прикажани 07:30 31.03.21 01.04.21 03.04.21 04.04.21 05.04.21 100 158 април 100 148 45 лепенец 80 90 105 90 140 144 115 108 188 92 24 -брегалница 25 56 26 нд струмица 85 66 нд нд 130 137 28 136 табела 97 98 38 103 148 50 07:30 нд 147.14 144.31 842.61 вода 8.0 наколец- ез.преспа 844.13 07:30 часот 8.4 693.59 9.0 7.6 7.6 6.0 9.0 нд езеро 6.0 има нд проверил:ау одобрил:вс минимум. костадин обработка корекција промената“

Температурата на езерската вода измерена утрово е 9 степени, односно за 1,4 степени пониска од априлскиот просек.

Повеќе од еден месец езерското ниво бележи константно опаѓање и е намалено за осум сантиметри.

Во Охрид денес сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а од пладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12. степени.

– Нов влажен бран се очекува утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините особено во северните делови со врнежи од снег. Во среда и во четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето со утрински температури кои на повеќе места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука