Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид изрече 31 прекршок за пречекорување на дозволената брзина

Охрид, 5. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти април 2021 година, во времето од 12:00 до 18:00 часот, при извршени контроли во сообраќајот, полициските службеници во Охрид регистрирале 31 пречекорување на дозволената брзина на движење (3 надвор од населено место и 28 во населено место), во Струга вкупно 32 (10 надвор од населено место и 22 во населено место), а во Дебар 5 непридржувања до пропишаната брзина на движење надвор од населено место.

– Возачите кои управувале моторно возило над дозволената брзина се соодветно санкционирани, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука