Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена локална облачност и температура до 15. степени

Охрид, 6. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер кој на југоисток ќе засилува.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 15. степени.

– Нов бран од врнежи од дожд ќе започне од вечерните часови од северозапад и ќе продолжат утре преку денот. На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места. Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер. Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука