Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Металург

Охрид, 7. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари, денеска, во рамки на четвртата рунда од плејофот во Супер лигата на домашен терен го пречекуваат Металург.

„Гладијаторите“ по направените анализи на последните натпревари заклучиле дека одбраната си ја врши својата работа, но нападаот не е на завидно ниво.

– Очекуваме тежок натпревар против Металург. Моментално во плејофот скоро сите екипи се квалитетни, секој со секого има шанса за победа. Овие неколку дена напорно трениравме, доста гледавме видео анализа се подготвувавме. Очекувам добра одбрана, брза полуконтра и да ги сведеме техничките грешки на што помалку за да имаме шанса за победа. Најголема опасност гледаме во нивните крила, вели Мартин Манасков.

Натпреварот е од 15:00 часот, а сите љубители на ракометот и поддржувачи на Охрид натпреварот ќе можат да го проследат на YouTube каналот од РФМ и на телевизија ТВМ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука