Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Поддршка за охридскиот бизнис: порачајте достава на храна од рестораните, coffee to go, купувајте во локални маркети…

Охрид, 7. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера стартуваа новите мерки за заштита од COVID-19, кои покрај другото предвидуваат затворање на угостителските објекти во периодот од 7-ми до 20-ти април.

Ова ќе биде уште еден голем удар за угостителите, но и за охридскиот бизнис генерално. Токму затоа Супер радио, OhridPress и InPress иницираат акција за сите заедно да го пребродиме и овој сериозен удар на локалната економија.

– Мерките се непопуларни, задоцнети и можеме уште многу други мани да им најдеме. Но, тие се реалност, а реални се и трошоците за тековното одржување на бизнисот. Постојано се затвораат дуќани, се отпуштаат работници… Токму затоа иницираме една акција да им се помогне на локалните бизниси. На удар се сите, но во моментов на прва линија се угостителите, кои се комплетно затворени. Единствено што можат, доколку имаат услови за такво нешто е да Ви подготват храна која можете да ја подигнете за дома, да продаваат coffee to go… Ако ги користиме овие услуги кои често се и со посебно прилагодени и пониски цени, можеме заедно да придонесеме тие да го пребродат овој тежок период, потенцираат од Супер радио.

Со последиците од пандемијата не се борат само угостителите. Најмалку што можеме да направиме во овој период е да купуваме во локални маркети, продавници за облека и сите останати локални бизниси, за сите заедно полесно да го поминеме и овој исклучително тежок период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука