COVID-19 Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Двајца охриѓани ја прекршиле забраната за движење за време на полициски час

Охрид/Струга, 7. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишниот И.П. и 30-годишниот Л.У., двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– При контрола извршена на 13-ти март 2021 година во 03:30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, полициските службеници ги затекнале пријавените во такси патничко возило без да поседуваат дозвола за движење во време на полициски час. Со тоа, пријавените постапиле спротивно на одлуката за забрана на движење на населението во времето од 22:00 до 05:00 часот со цел заштита на населението од COVID-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука