COVID-19 Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Македонија надмина 4.000 смртни случаи како последица на COVID-19

Скопје, 7. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со 45 починати пациенти вчера Македонија ја надмина бројката од 4.000 смртни случаи како последици поврзани со COVID-19. Меѓу починатите е и едно 32 годишно лице.

1.259 нови случаи вчера од над 4.500 тестови покажува дека секој четврти тестиран бил позитивен. Само од почетокот на месецов за 6 дена починале вкупно 241 лице што е просек од над 40 на ден. Бројот на активни случаи во април се зголемил за околу 2.000 и во моментов е речи си на нивото на ноемврискиот бран.

Она што загрижува е зголемениот број на хоспитализации. Министерот Филипче вчера рече дека здравствениот систем е оптоварен поради што морало да се воведат рестриктивни мерки. Бројот на пациенти кои лежат во болниците се ближи до 1.800 а надлежните уверуваат дека имаат капацитет да одговорат на нивните потреби. Очекувањата се дека во периодот кој следи ќе биде достигнат пикот во овој бран.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука