Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се сеќава: На денешен ден кај Горно Блаце беше убиен војникот Благојче Крстаноски од селото Ливоишта

Охрид, 7. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 7-ми април, во далечната 1999 година, кај Горно Блаце, Скопска Црна Гора беше убиен војникот Благојче Крстаноски.

Крстаноски, роден во охридското село Ливоишта на 29-ти март 1974 година беше македонски бранител и професионален војник во АРМ.

Загина на самата граница од снајперски оган. Благојче беше првата жртва на вооружените сили во независна Република Македонија, војник кој до последниот момент чесно и пожртвувано ја извршуваше својата должност во одбрана на татковината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука