Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на селото Горенци затекнат во угостителски објект во време кога требало да биде во домашна изолација

Охрид, 7. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот Ј.С. од охридското село Горенци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– На 13-ти март 2021 година, пријавениот бил затекнат во угостителски објект во Охрид, со што не се придржувал кон издаденото решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука