Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид во последните секунди ја однесе понедата против Металург

Охрид, 7. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со гол постигнат на само 4 секунди до крајот, Охрид стигна до вредна победа против Металург од 27:26 (15:12) во рамките од натпреварот од четвртото коло на македонската Суперлига.

Охрид беше подобрата екипа во првото полувреме. Домаќинот на денешната средба имаше континуирано водство, кое во два наврати изнесуваше максимални четири гола. Металург двапати дојде на само гол негатива, имаше и напад за израмнување, но полувремето го решија неколку грешки после кои Охрид на одмор замина со предност од три гола.

Првата половина од вториот дел е најдобриот период на Металург на денешната средба. Не само што брзо ја елиминиравме негативата, туку и поведовме со три гола разлика, а двапати имавме и напад за максимални четири погодоци. Сепак, во решавачките десетина минути ја испуштивме предноста и влеговме во завршница во која се играше гол за гол. За жал, не ги искористивме последните два напади и дозволивме Охрид најпрво да израмни, а потоа, преку Денис Тот, да постигне гол на само четири секунди до крајот на средбата. (Крај)

извор: rkmetalurg.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука