Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Снег врне во Маврово и на планиските премини Буково и Стража

Охрид, 8. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег врне во Маврово и на планиските премини Буково и Стража, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука