COVID-19 Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

16 прекршоци на забраната за движење, 449 казни за неносење маска

Скопје, 8. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 20:00 часот на 7-ми април 2021 до 05:00 часот на 8-ми април 2021 година, констатирано е дека 16 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (7-ми/8-ми април 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 449 прекршоци.

62 прекршувања на забраната за движење, 482 санкции за неносење маска (Видео)

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на COVID-19. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука