COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

За една недела 255 нови позитивни случаи и 10 починати како последица на COVID-19 во Охрид

Охрид, 8. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму високи бројки на новозаразени од COVID-19 регистрирани во Охрид.

Во првите седум дена од април има 255 нови позитивни случаи на вирусот. Болеста ја победиле 190 лица, а за жал починати се 10 пациенти.

Колку за споредба, во првата недела од минатиот месец беа регистрирани 152 позитивни случаи, додека во последната недела имаше 233 новозаболени, 118 оздравени и 8 починати лица.

Моментално во градов има 804 активни случаи на вирусот. Во Општата болница според последните податоци се хоспитализирани 110 пациенти. Покрај во модуларната болница и на интерното одделение, ковид пациенти се примаат и на нервно.
Досега во Охрид се регистрирани 4.384 заразени, 3.411 оздравени и 169 починати пациенти.

Од минатата недела во вакциналниот пункт во просториите на Службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци започна имунизацијата на граѓаните над 77 години и хронично болни. Охридскиот Здравствен дом доби 800 вакцини од производителот „Астра Зенека“ и 70 термини во денот.

Д-р Мариноска: Досега во Охрид се вакцинирани 180 граѓани против COVID-19

Во понеделникот започна помасовното вакцинирање на населението против COVID-19 со вакцината „Спутник В“, во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Во оваа фаза ќе бидат имунизирани граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат, МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти: возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините.

Премиерот Зоран Заев денес најави дека очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300 илјади вакцини од различни производители и процесот на масона вакцинација да тече непречено. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука