Избор Охрид

Матурантите од Охридската гимназија заминуваат на екскурзија во Италија

Охрид, 13. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите од Охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ в сабота заминуваат на неколкудневна екскурзија во Италија каде ќе ја прослават и нивната матура.

Според планот, тие ќе ги посетат Рим, Фиренца и Венеција. Ќе остварат три ноќевања, а ќе посетат и значајни културно-историски знаменитости во овие градови. Охридските гимназијалци ќе патуваат со туристичката агенција „Атлантис“ која беше најповолен понудувач што се јави на огласот на училиштето.

– За оваа намена, во училиштето беше формирана и Комисија за матурско патување која се погрижи за целата организација. Постапката за екскурзијата ги помина сите структури на училиштето. Со учениците задоложително ќе патуваат лекар, водичи и професори. Очекувам дека ќе си поминат убаво и незаборавно и долго ќе ја паметат оваа екскурзија, вели директорот на училиштето Звонко Трпески.

Родителите на матурантите во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ до 13-ти ноември минатата година имаа рок да се произнесат преку анкетен лист дали се за матурска прослава на нивните деца на класичен начин, во некои од хотелите на охридската ривиера, или пак за матурска екскурзија во странство. Тие изразија желба нивните деца матурата да ја слават надвор од државата. И според анализите на училиштето што биле извршени во текот на изминатиот период, околу 75 проценти од матурантите изразиле желба за матурска екскурзија во странство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука