Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

11 најлонски пакувања со кокаин пронајдени во домот на охриѓанец

Охрид, 10. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти април 2021 година, во периодот од 12:55 до 13:55 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Охрид, извршен е претрес во домот и други простории кои ги користи 30-годишниот М.А. од Охрид.

– При претресот се пронајдени и одземени 11 најлонски пакувања со кокаин. М.А. е лишен од слобода и приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука