ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Башоска: Кој и врз основа на кој закон во Катастар, во 22:04 часот има право да врши промени на нашиот имотен лист за имот во Градиште?

Охрид, 11. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Кој и врз основа на кој закон во Катастар, во 22:04 часот има право да врши промени на нашиот имотен лист за имот во Градиште? Промените се направени на 5-ти август 2014 година, реагира охриѓанката Андријана Башоска, сопственик на имот во овој дел на градот.

– Поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и информирани се надлежните институции, додава Башоска.

Неодамна таа ја информираше јавноста дека во Градиште има тешка механизација и дека се работи на терен.

– На барателите на имот кој е во процес на денационализација им е забранет пристап. Реагирано е до МВР и инспекторат во општина Охрид, но никој не реагира на пријавите, реагираше Башоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука