Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ одиграа нерешено, „рибарите“ триумфираа во мечевите од Супер лигата и Втората МФЛ

Охрид, 12. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари одиграа нерешено во Битола, фудбалерите дома триумфираа над Велазерими.

„Гладијаторите“ се вратија со бод од гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2, одиграа 26-26 во петтото коло од плејофот. Моментално се четврти на табелата со 7 бодови. Во следната рунда ги очекува „езерско“ дерби, а ќе играат во гости кај Струга.

Охрид во драматичен финиш стигна до бод со Еурофарм Пелистер 2

„Рибарите“ освоија нови три бодови во Втората македонска фудбалска лига-запад, победувајќи го Велазерими со 2-1. Стрелци на головите на Охрид беа Бурхан Алији и Роберт Митев. Сега се трети на табелата, а во следното коло играат во гости кај Гостивар. Следното коло, охриѓани, гостуваат кај тимот на Гостивар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука