COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Филипче: Ќе се ограничи висината на наплата во приватните болници за лекување на ковид пациенти

Скопје, 12. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На денешниот состанок на Главниот кризен штаб донесена е одлука за да се направи измена во законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за пациентите кои се лекуваат од коронавирус, изјаво денес министерот за здравство Венко Филипче.

– Меѓудругото, се донесе одлука да се направи измена во законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за време на траење на кризната или вонредна состојба, а што се однесува конкретно за лекување на ковид пациенти. Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза има потреба да се користи и тој капацитет, рече Филипче

Најави дека предлог измените утре ќе бидат поднесени до Владата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука