COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Се намалува бројот на хоспитализирани, надлежните велат состојбата и натаму будно се следи

Скопје, 12. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Викендот регистрирано намалување на бројот на новопримени пациенти со COVID-19 во сите болнички установи споредено со минатата недела.

Иако има тренд на намалување ние сме внимателни, има доволен капацитет слободни кревети, а сé уште трае системот на ротација, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Верувам трендот ќе продолжи но, ние внимателно и будно ја следиме состојбата. Денешната бројка на новодијагностицирани е околу 300, но тоа е очекувано, секогаш во недела имаме помалку направени тестови. Така што утрешниот ден ќе биде еден репер дали трендот на намалување на новодијагностицирани случаи што траеше минатата недела ќе продолжи што е важно како ќе пристапиме во делот на препорака за натамошни превентивни мерки, рече Филипче.

Во однос на имунизацијата, досега се вакцинирани околу 25 000 лица. Утре завршува вакцинирањето на вработените од критичната инфраструктура, па од среда преостанатите вакцини на Спутник ќе бидат распределени согласно возраста.

Министерот Филипче најави дека денеска треба да пристигнат 2.000 кинески вакцини, како донација од Обединетите Арапски Емирати, на иницијатива преку нашиот амбасадот во Абу Даби. Вакцините ќе пристигнат на софискиот аеродром, а организиаран е и превозот до земјава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука