ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

По еден месец опаѓање, забележан раст на водостојот на Охридското Езеро

Охрид, 12. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – После повеќе од еден месец константно опаѓање и намлување за девет сантиметри, нивото на водата во Охридското Езеро бележи раст.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 22 сантиметри под месечниот просек (693,59 м.н.в) и 27 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство заземлоделство, шумарство водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба табела 1: водостои прикажани дневна хидролошка информацила реките природните езера претходниот ден очекувана тенденција наредниот ден) 12.04.2021 cm измерени 12.04.21 легуновце вардар жм вардар велес д.капила- вардар 80 96 13.04.21 просек 92 102 80 = 122 115 бана 128 23 брегалница 24 54 нд 96 â струмица 96 нд 130 сатеска радика 164 148 MHM .преспа 7:30 часот охрид 147.14 842.61 842.61 = 844.13 вода 8.8 = змерени ез.доран наколец з.преспа охрид ез.охрид часот 7.0 9.0 = 9.0 нд езеро нд 10.4 има чадминато изработил: минимум. одобрил: директор, костадин ацевски нивна“

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, водостопанство управа хидрометеоролошки работи табела неделна хидролошка реките природните 07:30 јегуновце скопје вардар 07.04.21 08.04.21 86 99 76 80 144 85 88 102 100 148 мак.брод- треска скопје 100 102 100 138 90 98 95 96 92 102 115 80 пчина 148 141 берово- 128 -струмица струмица 99 90 98 75 94 72 80 90 68 96 70 86 табела 38 64 95 36 MHM 95 147.14 нд табела 147.14 147.14 емператури вода 8.0 7:30 693.36 6.0 охрид 693.37 8.0 60 6.0 9.0 8.5 6.0 9.0 14cM изработил: гм 9.0 одобрил:вс директор акумулации дредовниот обработка корекција влијание“

Температурата на езерската вода измерена утрово е 9 степени, односно за 1,4 степени пониска од априлскиот просек.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Dува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 17. степени.

– Од утре ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата. На планините врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука