Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Протест на Ивент индустријата пред Владата – бараат грантови за да преживеат

Скопје, 12. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – 14 месеци не работиме, а освен шесте месеци помош за плата ние немаме добиено никаква поддршка од државата, вели Маја Бабиќ претседател на ИВАП, кои денес излегоа на протест пред Владата.

Тие бараат грантови за да можат да ги покријат загубите кои ги трпат, а според Цетралниот регистар падот на прометото во овој секор лани бил околу 62%.

Нема достапен опис
– Ивент индустријата е најзагрозена од пандемијата. Во целата оваа 2020 година, па и во 2021 година ние освен шесте месеци помош за плата немаме добиено никаква друга поддршка од Владата. Не сакаат да нè слушнат. Ние бараме грантови, уште во јануари составивме издржани предлози како тоа да се спроведе. Ние тоа не го измисливме, тоа Владата го направи кон ноќните клубови, игротеките, транспортерите, видовме дека еден таков систем функционира и побаравме и за нас. Тие предвиделе некаков конкурс на кој што ќе можеме да аплицираме за организирање државни настани. 30-годишнината од независноста на Македонија секако ќе се организираше, ниту можеме тоа да го наречеме помош, ниту ќе им помогне на компаниите, особено што нема да бидат помогнати сите, туку само одбраните и не може од еден настан компанијата со парите што ќе добие да ги покрие загубите, изјави Бабиќ.

Најавуваат дека протестот ќе се случува во континуитет, секој ден од 12:00 до 15:00 часот, сé до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение со Владата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука