Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридски борачи дел од македонската репрезентација во граплинг која од Србија се врати со две злата и две сребра

Скопје/Охрид, 12. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Борачите на македонската репрезентација, составена од членови на „The strongest & Roots BJJ“, на меѓународен турнир во граплинг во Србија освоија два златни и два сребрени медали, и се пласираа на четвртото место на табелата.

– На силниот меѓународен турнир во граплинг, ADCC Serbia 2021 кој вчера се одржа во Ковин, по пауза од година и нешто, нашата репрезентација предводена од селекторот Ивица Алексовски настапи со шест натпреварувачи (двајца за прв пат настапија на ваков меѓународен турнир). Членовите на нашиот клуб се покажаа во право светло. Тројца натпреварувачи од осум борби, добија седум борби и освоија два златни медали и еден сребрен медал, велат од „The strongest & Roots BJJ“.

– Даниела Алексовска и Ева Илиевска освоија два златни медали, а Марко Петровски и Ане Цветковска освоија два сребрени медали. Алексовска со своите 15 години и 47 килограми настапи во категорија за девојки од 15 до 18 години и тежинска категорија до 60 килограми. Но и покрај што се бореше со потешки и постари противнички, полифиналната и финалната борба ги доби со зафат и го освои првото место. Илиевска во напредната категорија во своите две борби доминираше и двете борби ги доби заслужено и го освои златниот медал. Петровски се бореше во силна конкуренција на скоро дваесетина натпреварувачи, победи во три борби, а финалната борба на продолжение изгуби на поени од противник кој беше еден од најквалитетните натпреварувачи на овој силен меѓународен турнир, додаваат од клубот.

За македонската репрезентација настапија натпреварувачи од Скопје, Охрид и Куманово, кои во конкуренција од 47 силни тимови, од САД, Мексико, Полска, Италија, Словачка и други држави го освоија четвртото место. (Крај)

извор: МИА фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука