Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. Ипатиј Гангрски

Скопје, 13. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 31-ви март, денот кој православните христијани го слават во чест на Св. Ипатиј Гангрски.

Роден е во Киликија, а бил епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни бил прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држеше во својот дворец како оружје против секаква непријателска сила.

Враќајќи се еднаш од Цариград Ипатиј беше нападнат во еден теснец од еретиците новатијани и турнат од друмот во некоја кал. При ова една жена од таа дружина го удри со камен во главата и вака светителот го заврши својот земен живот. Но, жената одеднаш полуде и го зеде истиот оној камен и со него се удираше самата себеси. Кога ја доведоа на гробот на Свети Ипатиј и Му се помолија на Бога за неа, по големата милосрдност на Свети Ипатиј, таа се исцели и остатокот од животот го помина во покајание и молитва.

Свети Ипатиј пострада и се пресели во Царството на Христос во 326 година. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука