Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за охриѓанец кој агресивно се однесувал кон полициски службеници

Охрид, 13. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти април 2021 година во 11:00 часот во СВР Охрид бил приведен 69-годишниот М.М. од Охрид поради агресивно однесување кон полициски службеници кои, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, извршувале службени дејствија.

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука