ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на селото Елшани пронајден починат во куќа на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид

Охрид, 13. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти април 2021 во 17:51 часот во СВР Охрид, пријавено дека во куќа на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид бил пронајден починат 48-годишниот Л.С. од охридското село Елшани.

– Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука